Минималната плата во Албанија 150 а во Македонија 130 евра

Парламентот на Албанија

Минималната плата во Албанија од јули 2011 година изнесува 20 илјади лека или околу 150 евра, јави МИА од Тирана.
Споредено со земјите од Европа таа е една од најниските.
Во Македонија пак најниската плата изнесува 39,6 насто од просечната плата или во моментот околу 8050 денари што во е околу 132 евра. Но минималната плата за текстилната, кожарската и земјоделската индустрија, ќе има одложена примена до 2015.