Франција го изгласа законот за „геноцидот врз Ерменците“ во Отоманската империја

Францускиот Сенат

Францускиот Сенат го изгласа законот кој предвидува казни за луѓето кои ќе го негираат „геноцидот врз Ерменците“ во Отоманската империја. Овој закон беше изгласан од Долниот дом на Парламанетот на 22 декември и предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Париз и доведе до замрзнување на политичката и воената соработка меѓу двете земји.
Луѓето што ќе го прекршат овој закон се соочуваат една година затвор и парична казни од 45 илјади евра.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу вчера најави дека Анкара ќе преземе нова серија мерки против Франција, ако францускиот Сенат го усвои овој закон, но не прецизира какви мерки ќе бидат преземени.

Давутоглу посочи дека законот ќе отвори нова ера на инквизиција во Европа и ќе биде загрозена слободата на изразување.

Според Ерменија за за време на Отоманската империја во периодот од 1915 до 1917 година убиени се 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека бројот на жртвите е од 250.000 до 500.000 луѓе и ја отфрла тезата за геноцид.