Салех на медицински третман во САД

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех отпатувал во САД на медицински третман. Салех во неделата првин замина за соседен Оман, на само еден ден откако парламентот донесе закон со кој му се дава целосен имунитет од прогон. Во замена тој треба да се повлече од власта како што беше договорено со посредство на соседите на земјата. Салех, кој беше на власт 33 години, со месеци одбиваше да го потпише транзицискиот план, и покрај тоа што во земјата со месеци имаше протести на кои се бараше негова оставка.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Камеј изјави дека посетата на Салех на САД е чисто од медицински причини и не е дел од планот да му се влијае на Салех за настаните во Јемен.