Путин најавува заострување на имиграционата политика

Рускиот премиер Владимир Путин повика на заострување на имиграционата политика, како дел од неговата кампања за претседателските избори. На неговиот веб портал, Путин ветува дека доколку биде избран за претседател, ќе ја запре илегалната имиграција, но истовремено ги критикува обидите за разгорување на национализмот, најавувајки забрана на националистичките партии во Русија. Путин најавува дека имигрантите кои работат во Русија ќе полагаат тестови по руски јазик, историја и литература.