Сирија го отфрли новиот план од Арапската Лига

Официјален Дамаск денеска го отфрли новиот план од Арапската Лига за мир во Сирија. Државната телевизија соопшти дека планот бил конспирација против сиријскиот народ. Според планот на Арапаската Лига, усвоен вчера во Каиро, претседателот Башар Ал Асад треба да му ја предаде функцијата на неговиот заменик и да формира влада на национално единство, а потоа да бидат одржани претседателски и парламентарни избори.