Почнува зимското заседание на Парламентарното собрание на СЕ

Во Стразбур денеска почнува редовното зимско заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на кое ќе биде избран нов претседател и нов комесар за човекови права. Меѓу говорниците на ова заседание ќе бидат и британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателката на Финска Тарја Халонен. Парламентарците ќе расправаат за почитувањето на човековите права, како и за унапредување на правата на жените, а на дневниот ред се и извештајот за напредокот на Србија во исполнувањето на обврските и извештајот за функционирањето на демократските институции во Босна и Херцеговина.