Илјада навивачи добија гратис карта и превоз за Белград

Mакедонските навивачи на ЕП во Србија

Бесплатен железнички превоз и билети за ракометниот натпревар меѓу Македонија и Полска добија 1.000 македонски граѓани. Натпреварот се игра денеска во рамки на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Белград.
Изборот на лицата беше направен преку лотарија на Македонската телевизија, а трошокот за железничкиот превоз го покрива владата, додека билетите се набавени од страна на Макстил.