ХРВ - Западот да не се плаши од политичкиот ислам на Блискиот Исток

Организацијата Хјуман рајтс воч во својот годишен извештај за 2012 порачува дека меѓународната заедница треба да го надмине стравот од политичкиот ислам на Блискиот Исток. Организацијата вели дека игнорирањето на зголемување на популарноста на исламистичките партии во регионот ќе ги наруши демократските принципи.

Кенет Рот, извршен директор на Хјумaн рајтс воч, изјави дека соработката со исламистичките партии не значи отфрлање на човековите права, туку почитување на елементите на политичкиот ислам. Тој изрази задоволство од реториката на египетските исламисти, но смета дека демократските намери на Муслиманското братство ќе се согледаат преку нивното управување со земјата.