Антивладини протести во Молдавија

Антивладини протести во Кишињев.

Илјадници луѓе протестираат во главниот град на Молдавија, Кишињев, барајќи нови избори и подобри животни услови. Протестот доаѓа во пресрет на референдумот што го распиша владата, за уставни промени со кои полесно ќе може да се избере претседател на земјата. Според сегашниот Устав, претседателот го избора Собранието со 61 глас „за“, но владејачката Алијанса за европски интеграции нема толку пратеници.

Денешниот протест е организиран од „Комитетот за одбрана на Уставот“, организација составена од неколку вонпарламентарни партии.

Најголемата опозициска партија, Комунистичката партија на Молдавија, не учествува во протестот, но нејзиниот лидер Владимир Воронин најави серија големи протести.