Сириските сили се повлекле од предградие на Дамаск?

Претседателот Башар ал-Асад зборува на провладин митинг во Дамаск на 11 јануари 2012 година.

Сириски активисти велат дека владините сили се повлекле од центарот на едно од најголемите предградија на главниот град Дамаск, по судирите со анти-владините армиски дезертери. Ако овие информации се вистинити, тогаш тоа ќе биде второ населено место кое владините сили го напуштаат за помалку од една недела.