Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бахреин

Архивска фотографија: Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бахреин на 1 јануари 2012 година.

Неколку луѓе се повредени, а многу автомобили се оштетени, откако се судрија демонстрантите и безбедносните сили во Бахреин. Агенциите јавуваат дека безбедносните сили се судриле со луѓе од погребната поворка во градот Мухарак, северно од главниот град Манама. Ужалените велат дека покојниот 24-годишен Јусуф Мували починал во притвор, но властите негираат. Медиумите јавуваат дека демонстрантите кои бараат ослободување на политичките затвореници на протестите во другите градови палеле автомобилски гуми.