Ирак се враќа во авторитаризам и станува полициска држава

Организацијата Хјуман рајтс воч денеска предупреди дека Ирак се враќа во авторитаризам и се повеќе станува полициска држава, и покрај тврдењата на Вашингтон дека САД помогнале да се воведе демократија во земјата. Невладината организација соопштува дека ирачките власти во 2011 година ја гушеле слободата на изразување и протестирање со заплашување, тепање и затворање на активистите, демонстрантите и новинарите.