Пакистан уапси 31 индиски рибари

Илустрација: Рибарски брод.

Пакистанската Агенција за поморска безбедност соопштува дека привела 31 индиски рибари и ги запленила нивните 14 рибарски бродови поради риболов во пакистански територијални води во Арапското Море. Во соопштението од Агенцијата се наведува дека индиските државјани се приведени вчера за време на рутинска патрола и оти и се предадени на пакистанската полиција на распит.

Претходно овој месец, Пакистан ослободи 179 индиски рибари кои ги издржале затворските казни поради влез во пакистанските територијални води. Околу 360 Индијци, најмногу рибари, се уште се во затвор во Пакистан.