Груевски: Грција купува време, Нимиц во Скопје на 4 или 15 февруари

Последната рунда разговори околу надминување на проблемот со името што го наметна Грција пред 15-20 години практично ги потврди моите претходни претпоставки дека Атина ќе се обиде само да купува време и да ја игра онаа игра „плеј гејмс“ со која ќе сака да се претстави дека таа прави се, прави многу напори да се реши проблемот, додека ние сме тие тврдите и непопустливи што не сакаме да го решиме проблемот. Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски. Тој додаде дека од информациите што ги добил било јасно дека медијаторот Метју Нимиц сака да дојде во Скопје и во Атина во текот на февруари односно понудени биле два датума 4 февруари и 15 февруари.

Груевски изјави дека е Македонија е подготвена да го пречека Нимиц но останува да се види дали Грција ќе се согласи да го прими.Тој додаде дека жали што Грција се обидува на таков начин да купува време за но тоа практично било најавено со постапките на Грција во кои се презентираа најрадикалните позиции кои го одвраќаат кој било во Македонија за да се постигне решение.

„Жалам што е тоа така и жалам што се уште меѓународната заедница на некој начин ги затвора очите пред она што го прави Грција. Зошто го прави тоа, останува да видиме во следниот период. Меѓутоа, се надевам дека како времето ќе минува така овој однос на Грција ќе наидува на се помалку поддршка кај меѓународната заедница и дека нема да може вечно на оваа карта со купување време“, изјави Груевски.

Груевски за изјавата на американскиот помошник заменик државен секретар Филип Рикер, искометира дека „се разбира дека ние ќе правиме се да имаме поголема храброст, но исто така и другите земји-членки на НАТО треба да имаат храброст и да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата“.