Меѓународните кредитори побараа од Грција помали плати и пензии и за приватниците

Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд денеска побараа од Грција да ги намали платите во приватниот сектор и пензиите.

Претставниците на мисијата која извршува инспекција на грчките финансии, го претставија новото барање на средбата со раководството на грчкото Министерството за труд и социјално осигурување.

Меѓународните кредитори истакнаа дека намалувањето на платите во приватниот сектор и пензиите е услов да добивање на вториот пакет спасувачки кредити во висина од 130 милијарди евра.