Американскиот пратеник Гросман во Кабул

Американскиот пратеник Марк Гросман

Американскиот пратеник за Авганистан и Пакистан Марк Гросман денеска пристигна во Кабул на разговори со претседателот Хамид Карзаи околу прелиминарните мировни преговори со талибанските бунтовници. Деновиве талибанците соопштија дека планираат да отворат политичка канцеларија во Катар пред да почнат преговори со Вашингтон за завршување на десетгодишната граѓанска војна во Авганситан. Аналитичарите оценуваат дека Карзаи страхува оти би можело да биде маргинализиран во планираните мировни преговори.