Кина бара Иран да се врати на преговарачка маса

U

Кина побара од Иран да ги продолжи разговорите за иранската нуклеарна програма. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Пекинг е за мирно решавање на проблемот, а не преку санкции и воени средства. Со слична порака вчера се огласи и американскиот државен секретар Хилари Клинтон која изјави дека меѓународната заедница сака Техеран да биде поискрен во врска со неговите нуклеарни амбиции.