Саркози: воен удар врз Иран ќе предизвика војна на Блискиот Исток

Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози денеска изјави дека воен удар врз Иран би предизвикало војна и хаос на Блискиот Исток. Затоа, според него, треба да се преземе се што е можно за да се спречи евентуалната воена интервенција. Тој додаде дека таквата интервенција нема да го реши проблемот со иранската нуклеарна програма. Министрите за надворешни работи на Европската унија в понеделник треба да разговараат за можни нови санкции против Иран.