Миркуловски: Најдобри сме кога е најтешко

Македонскиот ракометар Филип Миркуловски по синоќешната победа во натпревар против Чешка на европското првенство изјави дека македонските спортисти се најдобри кога е најтешко. Тој на прес конференцијата истакна дека последните два натпревари репрезентацијата ги изиграла на високо темпо во играта против најсилните репрезентации Шведска и Германија.
„Сепак ние сме најдобри кога е најтешко нели. Победивме на најпотребниот натпревар, на кој требаше да се победи. Им честитам на сите мои колеги и на целата македонска јавност, се потрудија да изгледа како да играме дома во Скопје.
Сепак многу ми е жал што одиме само со еден бод во Белград, не заслуживме да одиме со еден бод, мислам дека требаше повеќе да пренесеме таму, сепак сметам на победа во Белград и поддршка од македонскиот народ. “ изјави Миркуловски.