Податоците од Интерпол не се користат доволно

Russia -- An INTERPOL screen grab shows shows a picture of Rustam Makhmudov, 31May2011

Генералниот секратар на Интерпол Роналд Нобл изјави дека поголем дел од земјите при прегледот на патните исправи на странците кои влегуваат во нивните земји не ги користат податоците од меѓународната полициска агенција. Од 1,1 милијарди патници во Европската Унија само на половина им се споредувани податоците од документите за идентификација со оние во базата на Интерпол.
Нобл изјави дека „ е потребно да се случи трагедија за да се промени таквиот начин на однесување“. Тој додаде дека Велика Британија е единствената членка на ЕУ која пасошите на патниците детално ги споредува со податоцте во Базата на Интерпол, односно дека минатата година ја извела таа постапка на 140 милиони пасоши што е повеќе од сите членки заедно.
Минатата година 11 илјади луѓе биле спречени да влезат во земјата со изгубени или украдени пасоши.