Американската морнарица повторно спаси ирански рибарски брод

Американските морнари им даваат храна на иранските рибари.

Американската морнарица соопшти дека спровела операција за спасување на ирански рибарски брод што тонел во Перискиот Залив. На бродот имало само еден член на посадата. Ова е трета ваква операција за две недели. Во соопштението од морнарицата се наведува дека хелихоптер од американскиот разурнувач Дјуи го забележал бродот Ал Мамсор што тонел. Американски брод потоа го одвлекол до други два рибарски брода во областа. Иранскиот брод имал проблеми со поплави три дена, пред посадата да го напушти бродот.