Лукашенко предлага реформи во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко сугерира можни постепени политички реформи во таа земја. Државната новинска агенција Белта денеска го цитира Лукашенко кој наведува дека поради денешните трендови во светот било неопходно модирнизирање на политичкиот систем во земјата. До ова, според него, би дошло по парламентарните избори кон крајот на годинава. Авторитарниот режим на Лукашенко е под западни санкции.