Американската војска не прави посебни подготовки против Иран

Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека војската на Соединетите американски држави не превзема посебни чекори за да се подготви за потенцијална криза предизвикана од Иран во Персискиот залив. Во своето обраќање во Пентагон тој посочи дека американската војска веќе е целосно подготвена да се справи со било какви напори на Иран за затворање на протокот Хормуз, преку кој поминува една третина од нафтениот извоз во Светот.