Путин е подготвен да се сретне со опозиционерите

Владимир Путин

Рускиот премиер Владимир Путин рече дека е подготвен за разговори со претставници на руската опозиција, додавајки дека не е сигурен дали лидерите на опозицијата сакаат да разговараат. Путин ја даде изјавата во средата на средба со претставници на медиумите во неговата резиденција во московското предградие. Тој дополни дека неколку опозиционери биле поканети на разговори неодамна, но не се појавиле.