Назначен културен амбасадор на САД

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го назначи кошаркарот Карем Абдул Џабар за глобален културен амбасадор на Соединетите американски држави. Од спортистот се очекува промовирање на важноста на образованието, социјалната и расната толеранција и културното разбирање. Џабар исто така ќе зборува за своите искуства во Америка и за важноста на спортувањето.