Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движи од минус осумнаесет до минус шест, а дневната од минус три до осум степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со умерена облачност. Утринската температура се спушти до минус десет, а дневната ќе се искачи до три степени.