Анкара ќе ги субвенционира турските серии

Од серијата Ѓумуш.

Успехот и интересот што турските телевизиски серии го постигнаа во странство, привлекувајќи милиони гледачи во десетици земји, ги натера државните инститиции во Турција да ги спонзорираат сериите.

Турската држава ја финансира филмската индустрија, книгоиздавателството и други сектори во областа на културата. Сега на ред е и финансирањето на ТВ сериите.
Од 2005 година досега Турција продала 116 телевизиски серии во 76 држави.

Големиот развој на овој сектор и можностите кои тој ги нуди за придобивање на гледачи од различни возрасти и националности, стојат во основата на одлуката на државата за спонзорирање на серијалите.

Според договорот потпишан од Министерството за семејство и Министерството за култура и туризам, ќе бидат финансирани ТВ серии во кои во преден план се прикажани семејните вредности, воспитувањето на децата и создавање на морални доблести.