Наскоро нови разговори за иранската нуклеарна програма

Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи.

Шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи вели дека преговорите за одржување нови разговори меѓу светските сили и Иран за нуклеарната програма на Техеран се во тек и оти разговорите веројатно ќе се одржат во Истанбил. За време на неговата посета на Анката, Салехи рече дека се уште не е утврден датум за средбата.

Последните разговори меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН(САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија) плус Германија, што минатата година се одржаа во Истанбул завршија со неуспех.

Западот го обвинува Иран дека се обидува да направи атомска бомба, но Техеран негира.