Должничката криза го притиска еврото

Стравот од неуспех на разговорите за реструктуирање на грчкиот долг го повлече еврото надолу и негативно влијаеше на пазарот на акциите, јавува Ројтерс.
Тоа, според агенцијата, фрли сенка и врз сигналите дека глобалната економија нема да биде забавена толку многу како што се очекуваше.
Еврото во однос на доларот вчера се менуваше за 1.2755.
Претходно Светска банка во својот годишен извештај за 2012 година, соопшти дека значително ги намалила своите предвидувања за растот во развиените и сиромашните земји.
Според Светска банка, глобалната економија годинава ќе има раст од 2,5 проценти, а идната година 3,1 насто, што е помалку од прогнозата објавена во јуни минатата година, дека светскиот економски раст во двете години ќе изнесува 3,6 процент