Над 3000 прекршоци на изборите во Русија

Обвинителот Јуриј Чаика

Руското обвинителство соопштија дека на парламентарните избори имало 3 илјади нарушувања. Станува збор за конфликт на интереси во изборните комитети и незаконски гласачи.
Досега 95 лица се соочиле со административни последици. Во извештајот не се спомнуваат случаите за масовни местења на резултати во корист на владеачката партија на Владимир Путин.