Во Грција штрајк на новинарите и адвокатите

Во Грција и денеска продолжува штрајкот на новинарите во приватните и во државните медиуми, како и на адвокатите.
Новинарите вчера стапија во 48-часовен штрајк на иницијатива на Федерацијата на новинарските синдикати поради владините реформи и мерки за штедење.
Дводневен штрајк вчера почнаа и адвокатите поради најавите на Владата за донесување нови законски решенија со кои се предвидува скратување времетраењето на судските процеси, како и поради слободното издавање на лиценци за вршење на адвикатска пракса и поради зголемувањето на даноците.