Филип Рикер во посета на Македонија

Филип Рикер

Заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Предвидено е Рикер, кој до минатата година беше американски амбасадор во Скопје, да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски, а ќе се сретне и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Рикер пред посетата на Македонија престојуваше во Косово, а во рамките на својата европска турнеја предвидено е да ги посети и Србија, Турција и Австрија.