Грција дозволи користење на Акропол во рекламни цели

Грција одлучи да дозволи експлоатација во рекламни цели на своите познати археолошки споменици и наоѓалишта, вклучувајќи го и Акропол, соопшти грчкото Министерство за култура. Иницијативата е остро критикувана во дел од јавноста и меѓу археолозите. Одлуката за „комерцијализација“ на Акрополот е донесена во момент кога презадолжената Грција се обидува да го наполни буџетот. Овој потег е дел од одредбите кои имаат за цел да го „олеснат“ пристапот до грчкото културно наследство и со тоа да се подобри неговата промоција, се наведува во соопштението на грчкото Министерство за кулутура.
Собраните средства ќе бидат наменети за Фондот за заштита и одржување на археолошките ресурси.
Досега само неколкумина, меѓу кои канадската режисерка од грчко потекло Ниа Вардалос и американскиот режисер Френсис Форд Копола имале можност да снимаат на Акропол, додека снимањата и фотографирањата на спомениците во рекламни цели беа строго забранети.