Бискупите ги повикуваат Хрватите да излезат на референдумот за ЕУ

Хрватската бискупска конференција ги повика сите католици во Хрватска и сите хрватски граѓани да излезат на референдумот на 22 јануари за членство на Хрватска во ЕУ. И покрај тоа што директно не порачаа граѓаните да гласаат „за“, бискупите ги повикаа „да ги отфрлат стравовите и малодушноста и храбро да се свртат кон заедничката иднина“.
Разбираме дека одлуката за влез во европската заедница на народите во многу нешта ќе има важни последици и ги разбираме стравувањата на многумина дека таму може да биде загрозен суверенитетот и особено националниот идентитет. Во глобализираниот свет, меѓутоа, во ЕУ или надвор од него, ние постојано ќе се соочуваме со тие предизвици, се вели во бискупската порака.