Пронајдени телата на уште 5 загинати на бродот Коста Конкордиа

Спасувачите денеска најдоа уште пет тела во остатоците од потонатиот брод Коста Конкордиа во близина на западниот италијански брег, со што бројот на жртви се искачи на 11.

Според италијанската крајбрежна стража, уште 24 луѓе, меѓу кои и неколку германски туристи, се уште се водат за исчезнати.

На бродот што потона доцна во петокот имаше 4.200 луѓе.

Постојат стравувања и од еколошка катастрофа, но засега нема истекување на гориво.

Сопствениците на бродот го обвинија каептанот за несреќата. Тој е во притвор, но негира дека направил грешки.