Генерален штрајк во Грција, се приклучија и медиумите

Во Грција е во тек 48 часовен генерален штрајк, кој го свикаа синдикатите пред новата инспекција од страната на меѓународните доверители. Во петок во Грција ќе допатуваат претставници на Европската Унија, Меѓународниот Монетарен Фонд и Европската Централна Банка за да испитаат како стојат работите со грчките финансии. Транспортот и другите служби во Грција денеска се парализирани, болниците функционираат со минимален персонал, а на штрајкот му се приклучија и медиумите и правосудството. До петок нема вести на радио и телевизија, а нема да излегуваат ни весниците и магазините.