Бројот на исчезнати по бродоломот во Италија зголемен на 29

Италијанскиот крајбрежен спасувачки тим објави дека 29 лица сеуште се водат како исчезнати во несреќата на луксузниот брод Коста Конкордија. Според нивните верувања 25 патници и четворица членови на екипажот на бродот се исчезнати во бродоломот кај брегот на Тоскана на 13- ти јануари. Спасувачката операција продолжува. Досега се веруваше дека 15 лица се исчезнати. Агенциите јавија дека 10 германски државјани се меѓу исчезнатите.