Рикер-ниедна партија не може да го земе законот во свои раце

Заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, кој од вчера е во посета на Косово, се сретна со највисоките претставници на властите во Приштина. По средбите Рикер изјави дека ниедна партија не може да ги земе законите во свои раце. За саботниот протест на Самоопределување тој оцени дека е неприфатлив и додаде дека Самоопределување е против разговорите Белград- Приштина. Косовските претставници пред средбата со Рикер, изјавија дека за време на состанокот ќе разговараат и за продолжувањето на дијалогот меѓу Приштина и Белград во Брисел. Рикер во рамките на двонеделната турнеја низ земјите од Западен Балкан, што ќе трае до 26 јануари, покрај Косово, ќе ги посети и Македонија, Србија, Турција и Австрија.