Насилните протести може да ја дестабилизираат Романија

Протести во Букурешт на 15 јануари 2012 година.

Романскиот премиер Емил Бок предупреди дека насилството за време на протестите во неделата, во кои беа повредени 59 лица, може да ја загрози стабилноста на земјата и шансите за нејзиниот економски раст.

Околу илјада демонстранти се судрија со полицијата во центарот на Букурешт вчера, откако четири дeнa мирно протестираа против строгите мерки за штедење. Полицијата употреби солзавец, за да ги растури демонстрантите, кои фрлаа со камења.

Емил Бок истакна оти мирните демонстрации се легитимни, но оти насилството „не може да се толерира“. Тој вети оти спорниот нацрт-закон за здравство, кој ги предизвика протестите, ќе биде преработен и ги повика Романците да сфатат дека мерките за строго штедење се неопходни, за да се избегне банкрот на државата.