Тројца загинати во хелихоптерска несреќа во Авганистан

Илустрација.

Се урна цивилен хелихоптер во јужен Авганистан, при што загинаа тројца патници, информира полицијата. Странските и авганистански сили ја обезбедиле локацијата. Се уште не се знае дали хелихоптерот паднал поради техничка грешка или бил соборен. Портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади тврди дека тие го собориле хелихоптерот и оти сите патници биле убиени.