Македонските ватерполисти ја потопија Турција со 16:4

Илустрација.

Македонската ватерполо репрезентација денеска со победа против Турција со 16:4, го почна својот настап на Европското првенство што се оджува во холандскиот град Ајндховен. Најефикасни беа Мирослав Ранџиќ и Борис Летицфа со по 4 гола.

Со пласман меѓу шесте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за Олимпијадата.

Покрај Турција, противници на нашите ватерполисти во групата „А“ се и селекциите на Грција(утре во 13 часот), Унгарија(четврток од 13 ч.), Италија (сабота 14:30) и домаќинот Холандија (понеделник - 23 јануари од 19 часот).

Во втората група играат селекциите на Хрватска, Србија, Црна Гора, Шпанија, Германија и Романија.