Сопствениците на „италијанскиот Титаник“ го обвинуваат капетанот

Сопствениците на италијанскиот лускузен брод за крстарење Коста Конкордиа, што потона во близина на западниот брег на Италија, при што загинаа најмалку шест луѓе, денеска го обвинија капетанот дека направил грешки што довеле до несреќата.

Бродот, на кој имало околу 4.200 патници и членови на екипажот, се насука на гребен во близина на италијанскиот брег во петокот вечерта.

Уште 15 луѓе се водат како исчезнати, но потрегата денеска е прекината поради лошото време.

Капетанот на бродот е во притвор. Се соочува со обвиненија за убиство од небрежност и за тоа што го напуштил бродот пред сите патници да бидат евакуирани.