Ново поскапување на бензинот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5, односно два денари за литар, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денaри и ќе изнесува 79,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 1,5 денари и ќе чини 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќe се продава за 72,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за (ЕЛ-1) 61 денари за литар.