Рускиот премиер Владимир Путин во написот објавен денеска оценува дека на опозицијата и недостигаат идеи пред претседателските избори на 4 март годинава. Путин кој по трет пат ќе се трка за претседател вели дека оние што немаат ни надеж да победат ќе даваат смели ветувања кои не ќе можат да ги исполнат. Затоа тој предлага поширок дијалог за идниот развој на државата. Опозицијата, по параламентарните избори на 4 декември, одржа протести на кои главното прашање беше: До кога ќе му верувате на Путин?