Бомбашки напади во Ирак

Мосул

Ирачките власти соопштија дека во денешниот напад со автомобил бомба во градот Мосул загинале најмалку 8 луѓе. Автомобилот експлодирал во предградието населено претежно од шиитски муслимани. Ова беше последен во серијата напади откако во минатиот месец се повлекоа последните американски сили од Ирак.