Единаесет загинати во уривање на зграда во Бејрут

Бејрут

Единаесет луѓе, повеќето странци загинале кога синоќа во Бејрут се урнала една петкатна станбена зграда, јавија новинските агенции, додавајќи дека во несреќата имало и десетина други повредени. Засега се уште не е позната причината за уривањето на зградата, но не се исклучува можноста дека до тоа дошло поради изобилните дождови.