Досега шест жртви од бродоломот во Италија

Италијанските спасувачки екипи денеска пронашле тело на уште еден патник на италијанскиот луксузен брод Коста Конкордиа кој пред два дена се насука и се преврте на Тиренското море. Со тоа бројот на жртвите од несреќата се покачи на шест, додека15 луѓе се уште се водат за исчезнати. Во бродот имаше околу 4 ипол илјади патници и членови на екипажот, а за несреќата се сомничи капетанот на Франческо Шетино кој е уапсен.