Асошиетед прес, прва западна новинска агенција во Северна Кореја.

Во Пјонгјанг денеска е отворено дописништво на американската новинска агенција Асошиетед прес со што стана првата западна агенција со постојано дописништво во Северна Кореја. Оваа агенција од 2006 година досега во Пјонгјанг имаше свое видео дописништво. Според оценките, овој потег е значаен момент во релациите меѓу двете земји кои никогаш не воспоствија дипломатски односи.