Гласање за доверба на пакистанската влада

Зградата на Врховниот суд во Пакистан

Членови на пакистанската влада кои се сомничат за корупција денеска ќе бидат сослушани од Врховниот суд. Сослушувањето доаѓа во услови кога цивилната влада на Пакистан е под силен притисок од моќната армија во земјата. Владата, односно довербата во неа е тема и на Народното собрание.
Врховниот суд ги разгледува обвинувањата за корупција против претседателот Асиф Али Зардари и други пратеници. Владата одбива да соработува во истрагата, тврдејќи дека претседателот има имунитет.