Ракомет ЕП: Македонија - Шведска нерешено

Македонски навивачи во Ниш.

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва го одигра првиот меч на Европското првенство во Србија против фаворизираната Шведска нерешено 26 спрема 26.

На полувреме, Швеѓаните водеа со 14 спрема 13.

Македонските репрезентативци во Ниш беа бодрени од неколкуилјадна публика дојдена од Македонија

Во првиот меч денеска репрезентацијата на Чешка направи изненадување на стартот од натпреварите на ЕП 2012 во нашата група, совладувајќи ја Германија, која важеше за фаворит со 27-24.

Македонските ракометари со Германија ќе играат во вторник, а со Чешка в четврток.